Во понеделник (25 ноември) во Шортбас, „Fridays for Future“ организираат размена на облека и дискусија за климатка правда.
Настанот започнува во 17 часот, а правилата се релативно едноставни.
„Доаѓате со облека која веќе не ја носите, а си одите подновени! Размената ќе ја искористиме како прилика да се загрееме за Глобалниот климатски протест на 29 ноември и да дискутираме за климатска правда. Одлична прилика да го исчистите плакарот и да си набавите нови кул парчиња без да ја поддржувате индустријата за облека, која е голем загадувач. (До)разбудете ја вашата еко-свест!“, порачуваат активистите.