Трамп ја отпушти главната државна правобранителка „поради предавство“

Обвинувајќи ја за предавство и непокорливост, Доналд Трамп ја отпушти актуелната Главна федерална правобранителка Сели Јејтс, откако јавно го критикувала поради забраната за влез на муслимани во САД бидејќи не е уставна.

Драматичниот јавен судир меѓу новиот претседател и правниците на врвот во однос на неговата извршна одлука, која привремено ја прекина целата програма за миграција на САД и забрани било каков влез од страна на жители на седум исламски нации во наредните 90 дена.

Забранет влез во САД имаат граѓаните на Сирија, Либија, Ирак, Иран, Јемен, Сомалија и Судан. Американци со потекло од овие земји одржуваат масовни протести на аеродромите низ државата.

Кратко потоа, Јејтс објави дека не се согласува со одлуката, а претседателот ја отпуштил веднаш после изјавата.

Од Белата куќа јавија дека „Јејтс го предала Департманот за правда преку одбивање да воведе правна наредба смислена да ги заштити граѓаните на САД“.

Трамп ја именуваше за нова правобранителка Дејна Боенте, долгогодишна обвинителка од источната област на Вирџинија.