Трамп ја откажа посетата на Данска откако дозна дека Гренланд не е на продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска, откако данската премиерка изјави дека Гренланд не е на продажба, и нема да им го продадат на САД.

Трамп требаше да ја посети Данска на 2 септември, на покана на данската кралица Маргарет II.

Потоа, Трамп сугерираше дека САД се заинтересиран за купување на Гренлад, кој е автономна територија на Данска. Данската премиерка Метe Фредериксен пак оваа сугестија ја опиша како „апсурдна“ и рече дека се надева оти Трамп не е сериозен.

Трамп потоа најави дека посетата нема да се случи, а Данска ја пофали како „многу посебна земја“. Откажувањето беше потврдено од страна на портпаролот на Белата куќа.

Данската кралска куќа исто така потврди дека била информирана за откажувањето, објави данскиот јавен радиодифузер ДР.  Раководителот на куќата за комуникации, Лене Балеби изјави дека овој потег е „изненадување“.