Трамп го отпушти директорот на ФБИ поради истрага за неговата поврзаност со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп, го отпушти од работа шефот на ФБИ, Џејмс Коми, поради начинот на кој се справил со истрагата за мејловите на Хилари Клинтон, вели администрацијата.

Белата куќа го шокираше Вашингтон со соопштението дека Џејмс Коми „е отпуштен и отстранет од канцеларијата“.

Но, Демократите велат дека е избркан бидејќи ФБИ ги истражува наводните врски меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Отпуштањето доаѓа откако Коми даде неточни податоци за мејловите на Клинтон пред Конгресот минатата недела.

Во обраќање на ФБИ агентите во Лос Анџелес, тој дознал дека е отпуштен кога видел на вести на телевизија.

Педесет и шестгодишниот директор, кој беше на таа функција три и пол години од неговиот десетгодишен мандат како директор на Федералното биро за истраги, наводно се насмеал, мислејќи дека се работи за шега.

Белата куќа вели дека потрагата за наследник ќе почне веднаш. Ова е втор пат во историјата на ФБИ нејзиниот директор да биде отпуштен.

Разузнавачките служби на Куќата на претставниците и Сенатот ги разгледуваат обвиненијата дека Трамп го отпуштил Коми поради неговата поврзаност со Русија.

„Дали овие истраги стигнаа преблизу до претседателот?“, прашал сенаторот Чак Шумер на прес конференција.

Трамп на Твитер одговорил дека Шумер неодамна го изразил недостатокот на доверба во шефот на ФБИ.

Отпуштањето го споредуваат со ткн. „Масакр во сабота навечер“ во 1973 година, кога претседателот Ричард Никсон отпушти независен специјален обвинител кој ја истражувал аферата Вотергејт.

Сепак, Трамп вели дека врските со Русија се „лажни вести“.