Традиционална изложба на учениците од Меѓународна матурa во Мала станица

По 17 пат учениците на програмата за Меѓународната матура во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ ја подготвија својата годишна изложба. Годинава настанот ќе се одржи во мултимедијалниот центар Мала станица, каде што свои дела ќе изложат 19 млади уметници.

17-та Изложба на учениците од Меѓународна Матурa

Станува збор за изложба на најдобрите дела кои овие ученици ги изработиле изминатите две години во училишното ателје, а по предметот Визуелни уметности.

Каkо што појаснуваат организаторите на изложбата, годинава ќе биде отворена два дена при што ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ги погледнат делата на средношколците.

Отворањето е најавено во вторник (18 март), во 19 часот.