Традиционално искачување на Голем Кораб во недела

Планинарското друштво „Кораб“, во недела (6 септември), по 24-ти пат го организира традиционално искачување на Голем Кораб. Меѓународната планинарска акција се организира по повод 8 септемри, денот кога се одбележува самостојноста на Македонија.

Почетокот на официјалното започнување на искачувањето е најавен во 9:00 часот, додека во 15:00 врвот се затвора за планинарите и започнува враќањето назад, кон караулата Победа по што ќе се делат признанија и благодарници на учесниците.

Патеката до врвот Голем Кораб (2764 мнв) е 18160м долга,во двата правца. Патеката е маркирана,а водачите од клубот ќе бидат долж патеката, за евентуална помош и асистенција. Почетна точка за искачувањето е караулата Победа на 1450 мнв.

Од Планинарското друштво „Кораб“ препорачуваат сите учесници да бидат добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови. На патеката ке има неколку пунктови на кои екипите на Црвен крст ќе пружаат основна медицинска помош.