Традиционална недела на италијанскиот филм во Кинотека

Во Кинотека на Македонија од 16 до 22 март ќе се одржува традиционална недела на италијански филмови „Прозорец кон италијанскиот филм” со секојдневни проекции од 20 часот, во организација на Амбасадата на Италија.

Филмската ревија во понеделник ќе биде отворена со филмот на браќата Тавиани „Фармата на чучулигите”, а во наредните денови ќе бидат прикажани уште шест филмови од италијанската кинематографија, со превод на македонски јазик.

Од вторник до недела ќе бидат прикажани и „Индустристијалецот“, „Maternity blues“, „Еквилибристи“, „Сто клина“, „Добро утро, тато“ и „Столот на среќата“.

Сите проекции се бесплатни за посетителите.