Топлес фотографии во знак на протест поради културата на силување

Австралиска фотографка започна проект насловен „ Се уште не си го бара“ (Still Not Asking For It) како обид за спротиставување на културата на силување и сексуалните напади.

Rory Banwell фотографира жени и мажи кои стојат и со црна лента си ги покриваат брадавиците, додека носат црна долна облека. Впечатливите црно-бели фотографии покажуваат моќни пораки испишани на стомаците на тие што позираат пред објективот. Дел од пораките се и „Модате не е покана”, „Алкохолот не е изговор” и „Никогаш не со го бара тоа“.

Banwell се надева дека преку проектот ќе ја пренесе пораката дека жените никогаш не побарале да бидат силувани, сексуално нападнати или злоупотребувани – без оглед на она што тие го носат, што е нивната сексуалност или кои се тие.

Фотографката исто така се обидува да отвори разговор преку нејзината фотографија. Во австралискиот владин извештај од 2013 година, „Природата и обемот на сексуално насилство и злоупотреба во Австралија”, се вели дека 8 од 10 жени не ги пријавиле сексуалните напади на властите, што значи дека реалните броеви на луѓето погодени од сексуално насилство најчесто се непознати.

Според анкетата за лична безбедност од 2005 година, 1,3 милиони австралиски жени и 362.400 мажи искусиле сексуално насилство на возраст над 15 години.

„Ова значи дека жртви се 1 на 6 жени или 1 од 20 мажи” , стои во извештајот се наведува. Статистичките податоци се неколкупати поголеми кај домородните Австралијци.