Tоп 10 студентски сојузи во Велика Британија за 2013 година

The Telegraph“ ја објави листата на британските универзитети кои имаат најдобри студентски сојузи. Топ 10 листата ја предводи универзитетот во Лидс, а во листата Топ 10 најдобри студентски сојузи се најдоа следните универзитети:

Cardiff University, задоволни од студентскиот сојуз: 82%

1Овој универзитет има два кампуси „Cathays Park campus“ и „Heath Park campus“. Студентскиот сојуз поддржува студенти во повеќе од 60 спортски клубови, а им дава можност и за волонтирање низ кампусите.

University of Dundee, задоволни од студентскиот сојуз : 82%

2Студентскиот сојуз на овој универзитет има ноќен клуб каде влез чини 1 фунта. Блиску е до градот кој има одлична природа и услови за живот.

University of Winchester, задоволни од студентскиот сојуз : 83%

3Уште од 19 век, универзитетот нуди мирна алтернатива на бучните студентски денови, по кои се познати британските универзитети.

Teesside University, задоволни од студентскиот сојуз : 83%

4На овој универзитет,  83%  од студентите се задоволни од нивниот студентски сојуз.

Keele University, задоволни од студентскиот сојуз : 84%

5„Keele University“ има силна студентска унија, која генерално ја поддржуваат над 90% од студентите. Годинава поддршака доби од 84%.

University of East Anglia, задоволни од студентскиот сојуз : 84%

6Овој универзитет годинава го слави својот 50-ти роденден. Високо котира на листата која мери колку се задоволни студентите од организацијата што ги штити нивните права и интереси.

University of Bath, задоволни од студентскиот сојуз : 86%

7The University of Bath има голем процен задоволни студенти. Овој универзитет се наоѓа и во најпосакуваните места за студирање на британските студенти.

Loughborough University, задоволни од студентскиот сојуз : 88%

8На трето место се најде Loughborough University. Кампусот на овој универзитет го има еден од најсилните и најнезависни студентски сојузи во Велика Британија,  кој организира неделни настани како Hey Ewe и Friday Night Disco.

University of Leeds, задоволни од студентскиот сојуз : 90%

9Сојузот на студентите на овој универзитет организира пазари на фармерите во текот на годината. Градот, исто така, овозможува широк спектар на настани преку неделата, благодарение на големата студентска популација. Дури 90% од студентите се задоволни од својот студентски сојуз.

University of Sheffield, задоволни од студентскиот сојуз : 93%

10Високи 93% од студентите се задоволни и ја поддржуваат работата на Сојузот. Овој универзитет се најде на прво место на листата, со најдобар студентски сојуз во Велика Британија.

Извор