„Too Good To Go“ – апликација за купување храна која останала во рестораните за помала цена

Рестораните фрлаат огромна количина на храна. Само во САД, аналитичарите проценуваат дека рестораните фрлаат до 40 проценти од храната која ја купуваат. Велика Британија има сличен проблем, а фрла околу 600000 тони храна годишно, според коосновачот на „Too Good To Go“, Џејмс Крами.

„Фрлањето на храна е еден од најглупавите проблеми кои ги имаме на овој свет. Индустријата на ресторани фрла околу 600000 тони храна секоја година, а само во Велика Британија има еден милион луѓе кои користат финансиска помош или донации на храна. Зошто ги имаме овие два огромни социјални проблеми кои се сосема поврзани, а сепак не се случува ништо за да ги поправи?“, вели Крами.

Неговата апликација има за цел да го промени тоа. Апликацијата, која моментално е достапна само во неколку европски држави, има за цел да обезбеди начин да храната да се продаде на јавноста, но за многу помала цена. Наместо да се фрлаат неизедените супи, салати, месо и зеленчук на крајот од денот, TGTG може да ги продаде за само дел од цената по која се продавале пред неколку часа. Може да се најдат одлични оброци по цена од само две фунти, а највисоката цена е 3,80 фунти (за оброк од вториот најдобар суши ресторан во цела Велика Британија, тврдат во апликацијата).

Корисниците исто така можат да изберат дали да ја јадат храната самите, или да ја донираат на оние на кои најмногу им е потребна. За тоа, корисниците треба само да донираат една британска фунта или повеќе преку апликацијата, за да придонесат кон донациите. Досега се донирани повеќе од 1100 оброци.

„Too Good To Go“ е основана во Данска, а на почетокот на годинава започнала со работа и во Велика Британија. Набргу се прошири во шест други земји во Европа.