Тони и Марио во „Преспав“ се првиот истополов пар воопшто во македонска телевизиска серија

Серијата „Преспав“ која се емитува на Телма влезе во историјата како прва која прикажа истополова двојка во македонскиот телевизиски етер.

Станува збор за парот Тони (Игор Стојчевски), еден од сопствениците на пансионот и готвачот Марио (Васил Зафирчев), едни од водечките ликови во серијата чија прва сезона заврши со прикажување минатата недела.

Љубовни врски меѓу двајца мажи не може да се видат често во проектите кои доаѓаат од македонската телевизиска и филмска индустрија.

Овој чекор е смел потфат на продукцијата и креативниот тим зад серијата, но и придонес во рушењето на вкоренетите стереотипи, предрасуди и табуа поврзани со хомосексуалноста во нашето „традиционално“ општество, пишува Queer.mk.