„Токсиколози“ во живо на Радио МОФ, се чека новиот спот

Ново име, млади артисти, стара екипа и рапери од „времето“ –  „Токсиколози“ се спремни да почнат со претставување на новиот материјал. Проектот „ПУШТИ ГЛАС!“  од пролетва почнаа да го промовираат на повеќе места (клубови и отворени сцени) низ Македонија. Се работи за динамичен настап во живо кој добро го прифаќаат нивните истомисленици. Сиги, Кацар и Џоле ги знаеме како дел од „Токсикологија“, но време е да ги запознаеме како група која „секој од нив се стремел да ја состави откако почнал со снимање рап“.

Наскоро ќе го претстават видео-спотот за песната „Замислен“ – едно позитивно парче музика продуцирано од Марко Наумовски („Опушти се“, „Насмевки“). Видеото го сними Кристијан Теодоров, а монтажаа е на Иван Солунчев (South Blood Studio).

Фоткографија од снимањето на спотот за „Замислен“

„Затоа што песната е идеалистички-позитивна, така и за видеото моравме да излеземе од рамката (како што викаат) и да направиме видео какво што никој досега не направил тука кај нас. Поканивме над 100 добри луѓе, наши блиски пријатели и соработници, им кажавме дека правиме журка кај Сиги во дворче со сите салтанати (скари-мари, дџ-и, освежителни пијалоци и ондак то), со цел да се видиме и направиме добро да ни биде! :) Некои знаеа дека ќе снимаме спот, ама на повеќето им беше кажано дека ќе се снима за да се одбележи настанот (што не е далеку од вистината). Немаше сценарио, местени сцени, глума и сите оние стандардни работи околу снимање спот…сите се журкаа и ние ја снимавме атмосферата додека си ја пеевме песната“, раскажуваат Токсиколозите. 

Додека го чекаме спотот, погледнете ги нивните видеа од гостувањето во Future Step на Радио МОФ: