Членовите на социјалниот центар ,,Дуња” во Скопје организираат солидарна акција за собирање хигиенски производи и сува храна поради кризата која ја предизвикува вонредната состојба.
Акцијата е планирано да се одржи на 14 април (вторник) од 10:00 до 13:00 часот во дворчето на ,,Дуња”. (ул. ,,Рајко Жинзифов 22″.
,,Што треба да се донесе? Тоалетна харија, сапун, шампони, крема за раце, средство за дезинфекција, ракавици, маски и слично.
Храна? Исклучиво сува, неотворена храна: тестенини, ориз, грав, вакумиран леб, грицки.
Парични донации? Исто така добредојдени, ќе се искористат да се купат повеќе донации”, стои во најавата.
Волонтер, сам, ќе ги пречекува оние кои ќе сакаат да донираат, со ракавици и маска.
Како што информираат од ,,Дуња”, дел од собраните донации ќе одат кај социјално-загрозените семејства со кои соработуваат, а остатокот ќе биде солидарно разделен помеѓу бездомни лица и луѓе и семејства кои имаат потреба од помош.