„To This Day“- проект за борба против насилството

„To This Day Project“ е проект кој беше направен врз основа на поемата од Shane Koyczan наречена „ To This Day“ (На овој ден) која има за цел подлабоко да истражува какво влијание има насилството врз една личност.

„To This Day Project“- во борба против насилството

Училиштата и семејства имаат очајна потреба од соодветни алатки за да се соочат со овој проблем. Ние би можеле да им покажеме од каде да почнат-Со порака што ќе има далекусежен и долготраен ефект во борбата против насилството, посочува авторот на проектот.

Затоа аниматори и мотивациски работници со својот уникатен стил ќе прават сегменти од по 20 секунди кои потоа ќе бидат преточени во една единствена порака.

Ваквата соработка на овие волонтери треба да покаже колку е силна заедницата на грижливи индивидуалци кога тие работат заедно.

„Моето искуство со насилството во училиштата сеуште одекнува низ мојот живот, но соочувањето со проблемот вистински ми помогна“, вели Shane Koyczan.