Тлото кое го губиме – Нов документарец на Дома

Последиците од климатските промени повеќе не се само сценарија за иднината. Пред нашите очи се губат важни екосистеми, почва, брегови и човечки животи. Потонати острови, плажи и потопени домови се само дел од последиците со кои ќе се борат земјите од Западен Балкан во наредните децении.

Ова е приказната за нас и нашето тло кое го секојдневно го губиме, но и за итната адаптација кон климатските промени, за да зачуваме нешто за генерациите по нас, стои во описот на новиот документарен филм на Дома.