„Тивери корпорејшн“ ќе го отворат „Скопје колинг 2017“

„Се радуваме на нашето повторно доаѓање во Скопје, иако првиот пат нашиот настап беше оневозможен поради лошото време, се чувствуваме должни пред македонската публика да дојдеме повторно во Скопје. Затоа, ги повикуваме сите на 20-ти јуни, на одлична забава!- порачуваат од Thievery Corporation во пресрет на нивниот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 20 јуни, на стадионот на АРМ, како специјално отворање на фестивалот SKOPJE CALLING 2017.

Aмериканскиот бенд кој го предводат Ерик Хилтон и Роб Гарза доаѓаат во полн концертен состав, кој брои околу 20 музичари.

Овој музички колектив најмногу е познат по своите песни како: „Until The Morning“. „Lebanesse Blonde“, „Amerimacka“, „The Heart`s a Lonely Hunter“…

Една од најзначајните карактеристики на овој бенд е и сценската продукција која подразбира изразено визуелно искуство за кое се грижи посебен дел од овој уметнички колектив. Покрај атрактивните концерти, „Тивери корпорејшн“ се познати и по силниот социјален ангажман и антиглобалистичкиот активизам.

Настапот во Скопје е дел од нивната европска турнеја на која го промовираат својот последен албум „The Temple od I & I“.

Пред нивниот концерт, како предгрупа ќе настапи македонскиот бенд „Кара“.