Типокујна: Изложба на македонски фонтови

Во среда (18 декември) на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе се отвори изложба на македонски кирилични фонтови направени во рамките на Типокујна.

Типокујна: Изложба на македонски фонтови

„После две недели напорна работа, од првата Типокујна работилница произлегоа 12 новопечени фонтови со македонска кирилична поддршка. Авторите имаа можност да го научат процесот на креирање сопствен фонт и се надеваме и во иднина ќе продолжат да ја збогатуваат базата на македонски фонтови“, информираат организаторите.

Креатори на кириличните фонтови се петнаесетина автори предводени од искусниот Ласко Џуровски.

Типокујна е десетдневна типографска работилница во која учесниците имаа можност да научат како да креираат свој фонт. Работилницата е организирана од страна на Creative Exchange во соработка со Џуровски и Архитектонски факултет. Изложбата се отвора во 19 часот.