„Типокујна“ – десетдневна типографска работилница

Типокујна е десетдневна типографска работилница во која учесниците ќе имаат можност да научат како да креираат свој фонт. Работилницата е организирана од страна на Creative Exchange во соработка со Ласко Џуровски и Архитектонски факултет.

„Типокујна“ - десетдневна типографска работилница

Џуровски е единствениот македонски професионален типограф. Неговиот допринос во развивањето на кирилични фонтови е огромен. Негова желба е да го пренесе своето знаење за да може да се зголеми типографската сцена во Македонија, а со тоа и бројот на кирилични фонтови. Редоследот на работилниците е следниот:

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ (не е потребна регистрација)

„Ја убиваат ли компјутерите македонската кирилица?“

Среда, 27.11.2013 во 19 часот

Амфитеатар на Архитектонски факултет

РАБОТИЛНИЦА – Задолжителна регистрација

28.11.-09.12 (секој ден освен викенди во 19:00 часот)

Архитектоснки факултет – училница 304

Регистрација на www.cx.mk

Бројот на учесници е ограничен на 20. Сите што сакаат да земат учество, морат да ја пополнат апликацијата на cx.mk сајтот. Учесниците ќе бидат селектирани врз база на квалитетот на нивното портфолио. Многу е важно учесниците да имаат претходно познавање на Adobe Illustrator, (конкретно работа со безиер криви) бидејќи ова ќе им биде потребно за работа во FontLab.

Секој учесник мора да носи со себе лаптоп со инсталиран софтвер: FontLab Studio 5.1 и Adobe Illustrator CS5-CC. Повеќе информации за настанот на следниот линк.