Типокујна 2013: Ја убиваат ли компјутерите македонската кирилица?

Ја убиваат ли компјутерите македонската кирилица?- ова беше темата на првото предавање на Типокујна 2013, кое вчера се одржа во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет.

Типокујна 2013: Ја убиваат ли компјутерите македонската кирилица?

На него беше прикажана презентацијата на Ласко Џуровски(графички дизајнер, типограф) која отвора голем број прашања за употребата на кириличното писмо и модерните медиуми.

Погледнете и проценете:

Ласко Џуровски се занимава со графички дизајн и типографија околу 30 години. Член на TDC – Type Directors Club од Њујорк од 2000 година. Автор е на 4 фонт фамилии со вкупно 80 фонтови наменети за ексклузивна употреба во Владата на РМ, како и за слободна дистрибуција, исто така и на 20-тина авторски фонт фамилии со околу 200 фонтови. Во моментов работи на развивање на неколку фонт фамилии за странски компании.