Тинејџерка фалсификувала прием на Харвард и Стенфорд за да ги импресионира родителите

17-годишна Корејка, талентирана математичарка, фалсификувала прием на универзитетите Харвард и Стенфорд, бидејќи сакала да ги импресионира нејзините родители.

Матурантката од средното училиште „Томас Џеферсон“ во Александрија, Вирџинија, не само што тврдела дека примила позитивни писма за прием од двата универзитета, туку и ги убедувала родителите дека добила стипенди вредни неколку десетици илјади долари и на двете места.

Поради тоа што, наводно, двата универзитета биле решени девојката да студира кај нив, тинејџерката раскажувала дека основале програма што ќе и овозможи да ги посетува и двете престижни школи.

Нејзиниот случај набрзо го привлекол вниманието на медиумите, вклучително и корејските, кои ја нарекле „Генијална девојка“. Таа отишла дотаму што тврдела дека основачот на Фејсбук, Mark Zuckerberg лично контактирал со неа и инсистирал таа да се запише на Харвард.

Директорката на комуникации на Харвард, Anna Cowenhoven ги демантирала тврдењата на матирантката, преку имејл до јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Добивме информации за наводно писмо за прием испратени до девојката од страна на Харвард. Можеме да потврдиме дека ова писмо е фалсификат. И покрај неодамнешните написи во медиумите, не постои програма според која еден студент се прима за да помине две години на Харвард, а две години на Стенфорд, напишала Cowenhoven во мејлот.

Иако родителите на девојката најпрво поверувале во оваа приказна, набрзо сфатиле дека се работи за лага и се извиниле во нејзино име.

„Искрено ми е жал што предизвикавме проблеми со овие невистини. Длабоко се каам што не успеав да увидам колку болна и тешка била ситуацијата во која се наоѓало детето досега и дека дури и сум го зголемил и засили нејзиното страдање“, напишал таткото во писмо со јужнокорејските медиуми.

Нема потврда дали девојчето воопшто било примено на кој било од двата универзитета.