Тинејџери од Северна Кореја осудени на 12 години макотрпна работа поради гледање јужнокорејски видеа

Видео снимка објавена од организација која работи со севернокорејски дезертери покажува како севернокорејски власти јавно осудуваат тинејџери на 12 години макотрпна работа затоа што гледале видеа јужнокорејски видеа.

Снимката првично ја сподели „Би-Би-Си“, е објавена од страна на Институтот за развој на југ и север.

„Според тешката казна се чини дека ова е сторено за да се покажува на народот во Северна Кореја со цел да ги предупреди луѓето да не гледаат ништо поврзано со Јужна Кореја. Ако е така, се чини дека начинот на живот во јужнокорејската култура е распространет во севернокорејското општество. Мислам дека видеото е монтирано во 2022 година. Она што е проблематично за севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е дека милениумците и генерацијата зет го променија начинот на размислување. Мислам дека тој работи на тоа да го врати на начинот на кој според него треба да размислуваат луѓето во Северна Кореја“, изјави Чои Кјонг-Хуи, претседател на Институтот и доктор по политички науки на универзитетот во Токио кој во 2001 пребегнал од Северна Кореја.

Видеото креирано од властите покажува големо јавно судење во кое двајца студенти се во лисици додека ги гледаат илјадници други студенти во амфитеатар. Сите студенти, вклучувајќи ги и осудените носат маски што покажува дека снимката е направена за време на ковди пандемијата.

„Тие беа заведени од странската култура што на крајот им го уништи животот“, вели нараторот во видеото. На снимката потоа се прикажани две девојки кои се осудени поради практикување на јужнокорејска мода и фризура.

Затворената Северна Кореја и богатиот, демократски југ технички сѐ уште се во војна откако нивниот конфликт во 1950-53 заврши со примирје, а не со договор за мир и се поделени со строго утврдена демилитазирана зона.