Тинејџери градат мобилни куќарки за бездомници

Минатата година, под менторство на непрофитната организација Sawhorse Revolution, неколку архитекти, градежници и инеженери. група на тинејџери дизајнираа седум мали куќи за бездомниците во Сиетл. Откако успеаја да ги изградат, со средства собрани преку успешна онлајн кампања, тие повторно се во акција, и планираат да изградат уште четири мобилни еко-куќи, вклучително и мал дуплекс, наменет за семејства.

Во Сиетл функционира цела заедница од бездомници кои живеат од три до 18 месеци во овие кампови, а потоа се преселуваат, па поради тоа, важно е куќарките да бидат мобилни. Сега со новата онлајн кампања, овие млади ангажирани луѓе се надеваат дека ќе успеат да соберат 21 илјади долари за изградба на дополнителни домови, дуплекс и кабина за безбедност.

„Нашата втора Индигого кампања беше инспирирана од влијанието кои овие куќарки ги имаа – на повеќе нивоа. Прво, нашите ученици стекнаа знаење за бездомништвото. Дизајнирањето бара сочувствување, така што кога тие дизајнираат мала куќа за некој бездомник, тие мора да истражуваат, да анкетираат, и да се стават себеси во чевлите на нивните клиенти“,  вели Сара Смит од организацијата.