Тинејџер открил нова планета додека бил на пракса во НАСА

17-годишниот Волф Кукиер, кој бил трет ден на пракса во програма на НАСА, открил претходно непозната планета со две ѕвезди оддалечена 1.300 светлосни години од Земјата, соопштија од Американската вселенска агенција.

Тинејџерот од Њујорк го направил откритието додека ги анализирал податоците од Тесс сателитот на НАСА минатата година. Тој се фокусирал на соларниот систем ТОИ 1338, каде забележал дека нешто ја блокира светлината во орбитата на две ѕвезди.

На неговите раководители им било потребно неколку недели за да ја потврдат информацијата до која дошол и најпосле заклучиле дека Кукиер открил планета 6,9 пати поголема од Земјата, која е само 13 таква планета која е откриена досега.