Тинејџерски онлајн вокабулар

Тинејџерите се почесто користат кратенки со кои сакаат да сокријат за што разговараат. Проблем настанува кога поради тоа е загрозена нивната безбедност, пишува Јутарњи лист.

Тинејџерски вокабулар

Знаете ли што значат кратенките GNOC, IUP или CD9? Тоа се најновите акроними со кои се служи денешната фејсбук генерација за да ги сокрие своите пораки од родителите.

Кратенките во интернетската и смс комуникацијата станаа толку вообичаени што некои, посебно во тинејџерскиот сленг влегоа во секојдневниот говор.

Бројни опасности

Главно имаат потекло од англискиот јазик, што не изненадува со оглед на популарноста на тој јазик на мрежата.

Денешната младина навистина се разликува од некогашните клинци, за почеток половината од нив поминуваат по три и повеќе часа дневно пред компјутер, мобилен и слични гаџети.

Иако опасноста од каков било вид на насилство постои и на игралиштата во училишните дворови, родителите понекогаш не се ни свесни кои опасности се кријат на интернет. Според истражувањето кое го спроведе страницата за млади Тееn 385, дури 27 отсто млади прифаќаат барања за пријателство од непознати луѓе, ако им изгледаат интересно, а пет отсто прифаќаат барање без размислување.

Жртви на сајбербулинг

Интересен е податокот и тоа дека дури 10 отсто млади еднаш некого закачале, малтретирале или навредувале на Фејсбук, а 27 отсто од нив барем еднаш биле жртва на сајбербулинг меѓу врсниците.

Да им се развие критичко мислење

Користењето на интернетот кај децата не можеме да го контролираме бидејќи денес и во МекДоналдс постои неограничен пристап, затоа многу е поважно да се создава однос полн со разбирање и доверба со децата. Треба превентивно да се предупредат за тоа што е сајбербулинг и кои пораки и начин на комуникација се прифатливи. Да не се претворат децата во бунтовни тинејџери, важно е да се знае да се постават граници кои не им забрануваат се. И она што е најважно, треба да се учат да развиваат сопствено критичко мислење бидејќи родителите не можат да бидат сеприсутни.

Речник

Предупредување за присутност на родител:

POS – Parents Over Shoulder, родител над рамото
P911 – Предупредување на родител
CD9 – Code 9, родител во близина
5 – Почекај неколку минути, родител во соба.
55 – Воздухот е чист
AITR – Adult In The Room, возрасни во просторијата

Описни кратенки, барање за средба (во онлајн чатување со непознати лица)

ASL – Age/Sex/Location – година, пол, локација
MIRL – Meet In Real Life/да се најдеме во живо
W2M – Want To Meet/ дали сакаш да се најдеш со мене

Сексуални конотации:
GNOC – Get Naked On Cam (web cam/online chat) соблечи се пред камера
Sugarpic – Suggestive or erotic picture of self, покажи своја еротска фотографија
HSWM – Have Sex With Me, сакаш ли да имаш секс со мене

Cyberbullying
BIH – Burn In Hell, гори во пеколот
FOAD – Fu*k Off And Die, од..би и умри
H8 – омраза

Депресивни кратенки:
LMA – Leave Me Alone, остави ме на мира
FML – Fu*k My Life, животот ми е за…ан
IHML – I Hate My Life, го мразам својот живот

Дрога и алкохол:
SP – само природно, пушење марихуана
IUP – одиме во природа, пушење марихуана
CRAFT – Can’t Remember A Fu*king Thing, не можам да се сетам на ништо

Болести на тинејџери:
Ana buddy/Mia buddy: Anorexic or bulimia buddy, пријател кој поддржува неправилна исхрана, булимија и анорексија
BMK – често користена вулгарност, а значи не ми е гајле.

Извор: Јутарњи лист- Загреб, МИА.