Тинејџер од Њујорк примен на сите осум најелитни американски универзитети

Кваси Енин е 17-годишен Американец со потекло од Гана кој планира да стане доктор. Американската јавност е возбудена од успехот на овој млад човек кој успеа да добие влез на сите осум најелитни универзитети во САД, нешто што им успеало на малкумина.

кван

„Аплицирањето на сите осум, сметав дека ќе ми ги подобри шансите да влезам барем на еден универзитет’, вели Енин за „New York Daily News“.

Сепак, тој бил добил известување со позитивен одговор од сите осум најелитни училишта —Браун, Колимбија, Корнел, Дартмут, Харвард, Пен, принстон и Јеил.

„ Голема работа е и самото тоа што имаме студент кој аплицирал на еден или два од најелитните универзитети“, вели консултантот на Енин, Ненски Винклер за USA Today.

„Да влезеш на еден или два е нешто огромно. Ова беше неверојатно,”додава таа.

Која е победата за успех на Енин? Тој е син на двајца емигранти од Гана, бил рангиран на 11 место во неговата генерација од 647 ученици на William Floyd High School и собрал 2 250 од 2 400 поени на главниот тест. Има посетувано многу курсеви, пеел на училиште, бил волонтер во локалната болница.

„Докторот е лидер во општеството, заштитник, некој кој им помага на луѓето тогаш кога им е најпотребна помош“, додава Енин.

Сепак, финансиската помош ќе игра огромна улога за неговата конечна одлука, а универзитетот Принстон има дадено одична понуда открива тој за USA Today. Сега ги чека понудите и од Колумбија, Корнел и Харвард.

Извор:Time