Тиндер отсега прифаќа повеќе родови идентитети

Тиндер ја апдејтира својата апликација за запознавање за корисниците во САД, Велика Британија и Канада со можноста да го дефинираат својот пол појасно.

Освен можностите за „машко“ и „женско“ во изборот за пол, отсега корисниците можат да избираат да се идентификуваат како трансполова личност, или личност која не е сигурна кој е неговиот пол. Освен тоа, може да се селектира во кои категории личноста ќе се појавува, и да го прикаже или сокрие родот во својот профил.

Новата алатка е дел од иницијативата на компанијата е да ја направи својата услуга поинклузивна за луѓето од сите родови. Од компанијата во блог пост нагласуваат и дека целта им е да го едуцираат својот персонал за предизвиците со кои се соочуваат трансполовите и корисниците без одреден род.

Иако потегот на Тиндер е добредојден, пишува The Next Web, ќе биде интересно да се види како Тиндер ќе ја постигне тешката задача да ги воведе новите родови во другите држави, каде сѐ што е поразлично од традиционалните полови и родови улоги е стигматизирано.