Тиндер отсега ќе биде забранет за тинејџери

Тиндер го забрани пристапот до апликацијата за тинејџери. Досега, корисници од само 13 години можеа да ја користат апликацијата, но беа ограничени на разговарање само со млади на возраст од 13-17 години.

Но, апликацијата сега ќе забранува пристап на лица под 18 години, со цел да се практикува поголема „одговорност“, пренесува Independent.

„На платформа која создала 11 милијарди конекции меѓу корисниците, имаме одговорност постојано да го оценуваме искуството на нашите корисници“, пишува во официјалната изјава на Тиндер. „Свесни за одговорноста, решивме да престанеме со услугата за лица под 18 години. Веруваме дека ова е најдобрата политика за одење напред. Промената ќе стапи на сила наредната недела“.

Во најголем дел од земјите каде е достапен Тиндер, 13 години е „возраста на согласност“ за пристап до интернет, што значи дека на таа возраст луѓето се сметаат за доволно стари за да ги даваат своите податоци.

Тиндер ги верификува сите свои корисници преку Фејсбук, па се претпоставува дека ќе провери дали податоците кои корисниците им ги даваат се точни преку она што го објавуваат на социјалната мрежа.