Тимoт на фестивалот „Егзит“ бара нови членови

Тимот на „Егзит“ во текот на 2014 година организираше 3 фестивали во 2 држави, во моментов сме еден од најбрзо растечките фестивалски групации во Европа, а за идните амбиции потребен си ни токму ти, пишува во повикот објавен на официјалната страница на фестивалот.

Како што појаснуваат од „Егзит“, бидејќи нивниот тим постојано расте, потребни им се луѓе со повеќе вештини, но кои сакаат да работат во средина што брзо се менува и чија прва и последна мисла на денот е – музиката.

Ако веруваш дека креативноста ги поместува хоризонтите, имаш оригинални  идеи, ентузијазам и визија да ги направиш работите поинаку, подобри и поинтересни, ако бегаш од рутината и го гледаш светот од позитивната страна, доколку сакаш да се докажеш и да ги откриеш своите таленти на целиот свет, можеби ти си личноста за нас, додаваат од „Егзит“.

Повеќе информации има на следниот ЛИНК.