Тимот на БИРН ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Македонскиот тим на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) со проектот „Скопје 2014 под лупа“ ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, која денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми.

Во рамките на ова осуммесечно истражување, собрана е голема база на податоци за спомениците, фасадите, скулптурите и објектите од „Скопје 2014“, добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од веб-страницата за јавни набавки, ревизорскиот извештај за „Скопје 2014“ итн.

Втората награда, пак, падна во рацете на новинарката од Телма Билјана Николовска за документарниот филм „Како здравствениот систем убива дете“, додека третата награда ја поделија неколку новинари за серијата текстови поврзани со аферата „Македонски Телеком“.