Timo Maas, Јoris Voorn и Funkerman на „Аква Парк Фест“ во Пробиштип

„Аква Парк Фест“, големиот музички настан кој своето премиерно издание го имаше минатата година во Пробиштип, оваа година го подготвува своето второ издание. Дводневниот фестивал годинава ќе се одржи на 28 и 29 август, на познатата локација – Аква Паркот во Пробиштип.

Timo Maas, Јoris Voorn и Funkerman на „Аква парк фестивал“ во Пробиштип

На првиот фестивалски ден  организаторите најавија дека свој настап ќе има познатиот германски диџеј и продуцент Тimo Maas, кој истата вечер ќе ја дели сцената со холандскиот диџеј/продуцент Јoris Voorn, како и со неговиот колега Funkerman. Вториот ден на фестивалот пак, доаѓа еден од најдобрите македонски хардкор бендови Хардфејсд со нивниот препознатлив и моќен звук.

Веќе е најавено учеството на „Disciplin a Kitshme“, „Еlemental“, „Bad Copy“ и „Прок&Фитч“, а во периодот што следува ќе се комплетира целата програма од повеќе од 20 изведувачи.

Влезниците за Аква Парк Фест се достапни во продажба по промотивна цена од 400 денари за еднодневна влезница и 700 денари за фестивалска влезница во која е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот, бесплатна влезница на Аква Паркот и користење на сите водени атракции кои тој ги нуди.