Тим Бурџис, Charlatans: Не е важно што би кажал на мојата помлада верзија, секако не би ме слушал

Да пишувам за тоа како ги преживеав 20-тите години од мојот живот изгледа како најсериозниот „Што правев за празниците“ есеј на сите времиња. Ако гледам на светлата страна, кога би му ги покажал на 28-годишниот Тим овие зборови, веројатно би се намуртил и би рекол дека ова е досстигнување кое не ми било гарантирано, токму затоа што тој од мене се труди да стигнам овде.

Да не звучам премногу драматично, ништо не беше премногу вон контрола во мојот живот, но алкохолот и дрогата беа дел од моето секојдневие. Препоставувам дека може да се каже и дека беа дел од мојата работа. Мојата 28-годишна верзија веројатно ви рекла дека тоа е најдобрата страна на мојата работа, но 48-годишниот јас сега прифаќа дека веројатно тоа било најлошото. Но, тоа не е важно, бидејќи двете мои верзии секако не би се согласувале.

Тој беше добро момче и дефинитивно многу се забавуваше. Имаше толку многу забава, што 20-тите за него не завршија сѐ додека не наполни 36. Уживав во тие години толку многу што упорно ги продолжував.

Ги започнав 20-тите како дете со премногу грижи, со работа која навистина ја сакав и глава полна со соништа да станам поп ѕвезда. Гледав Top of the Pops и The Tube и ги поминував сето слободно време и вишок пари слушајќи бендови и купувајќи плочи. Кратко после мојот 20 роденден, бев на Гластонбери за прв пат и New Order беа хедлајнери. Тоа е бенд за кој патував низ цела земја да го слушам, уште откога имав 15 години. Стоев пред Пирамид сцената и сакав да го затворам јазот меѓу тоа што јас правам и што тие прават. Само, не знаев како да го направам тоа. Но, тоа е едно од нештата кога имаш 20 години: знаеш каде сакаш да бидеш, но немаш мапа. Тоа е свет на возрасните, а ти сѐ уште се однесуваш како дете понекогаш.

Значи, моите 20-ти започнаа во 1987 и теоретски завршија во 1997. Во текот на таа деценија се приклучив во бенд, снимив пет албуми, а три од нив беа први на листите. Нештата нагло се променија во 1990 година, кога се прославивме како The Charlatans. Дадовме отказ на работа, покултурно отколку што тоа го прават во филмовите. Всушност, јас бев добредојден да се вратам во било кое време. Често размислувам да одам во ICI во Runcorn, да кажам дека сум се предомислил и да прашам дали понудата сѐ уште важи.

Велат дека духот на 60-тите заврши со Altamont и можеби безгрижниот дух на моите 20-ти заврши во 1996, кога го загубивме Роб Колинс, нашиот клавијатурист, мојот партнер во компонирање, детето со кое пеев хармонии на сцена. Тоа не ја уништи мојата хедонистичка филозофија, всушност ја засили, но тоа беше момент во кој мојот маѓепсан живот беше непристојно нападнат од реалноста и трагедијата.

Она што е специфично за тоа да се има дваесетина години е да си дете имуно на совети. Ти се чини дека постарите луѓе се љубоморни на твојата младост и се обидуваат да ја расипат досадувајќи со осигурување и пензија.

Како преживеав? Во буквален смисол, не сум баш сигурен. Судбината дефинитивно одигра своја улога, но преживеав ментално одржувајќи што е можно подобра перспектива. Одевме од едно место на друго, ги пеевме нашите песни и пишувавме и снимавме албуми во меѓувреме. За среќа, не копнеев по слава, бидејќи знаев што може да ми направи. Можев да ги видам чудовиштата кои ги создала кога запознавав други бендови на фестивалите, и низ што поминуваа луѓето кои работеа со нив. Можеби така преживеав – никогаш не се сфатив себеси пресериозно.

Се сеќавам кога го прославив мојот 23-ти роденден во Лион со бендот. Имавме два автобуси за турнејата, еден за нас и еден за персоналот, и камион за опремата и комбе за рекламниот материјал. Имав торта со 23 свеќи на неа, и се сеќавам дека помислив дека тоа е почетокот на лудо возење. Така што, моите 20-ти започнаа кога имав 23, а траеја додека не наполнив 36. Почнав подоцна, но не знаев каде да застанам.

Извор: Guardian