ТикТок забранува реклами за апликации за пост и додатоци за слабеење

ТикТок одлучи да направи потези за да се осигура дека младите корисници ќе останат здрави.

Преку соопштение, од компанијата најавија нови политики, вклучително и онаа што забранува реклами за апликации за постење и додатоци за слабеење на својата платформа. Новите правила исто така ги ограничуваат рекламите и содржината што „промовираат штетна или негативна слика за телото“.

„Овие типови реклами не го поддржуваат позитивното, инклузивно и безбедно искуство кон кое се стремиме на ТикТок“, се вели во соопштението на компанијата.

Покрај целосната забрана за одредени реклами, ТикТок ќе воведе „силни ограничувања“ на рекламите што прават тврдења за слабеењето. Компанијата исто така ќе ги ограничи рекламите што промовираат производи за управување со телесната тежина на корисници постари од 18 години.

Исто така, рекламите не можат да предизвикаат „негативна слика за телото или негативна врска со храната“ или во спротивно ќе бидат забранети.

Соопштението исто така објасни како луѓето можат да блокираат содржина, корисници и коментари за кои сметаат дека вознемируваат и да пријавуваат реклами што ги кршат нејзините политики.

Според статистиките на компанијата, 69 проценти од корисниците на ТикТок се на возраст меѓу 16 и 24 години.

ТикТок не само што има база на млади корисници, туку е и повеќе визуелно ориентирана од некои други социјални мрежи. А, фотографиите и видеата можат да бидат особено штетни за самодовербата на една млада личност. На пример, повеќе од 70 милиони објави на Инстаграм го имаат хаштагот #fitspo, кој може да шири нездрави стандарди за телото.

Кон крајот на минатата година, Инстаграм спроведе слични политики за рекламирање со кои се ограничуваат објавувањето диети и производите за слабеење.

Убедливо, најпроблематичен тренд е „Дисморфија на Снепчет“. Во 2018 година, Американската медицинска асоцијација предупреди дека млади луѓе бараат пластична хирургија во обид да изгледаат како филтер од Снепчет.