„ТикТок“ надмина 1.5 милијарди симнувања, има подобар ранг и од Инстаграм

Според податоците од веб-страницата „Sensor Tower“, мобилната апликација „ТикТок“ достигна 1.5 милијарди симнувања од „Арр Store“ и „Google Play“.

До февруари годинава, апликацијата ја симнале милијарда корисници, a само во 2019 година ја симнале 614 милиони корисници, што покажува раст од 6 отсто, според податоците на „Sensor Tower“.

Голем дел од популарноста на „ТикТок“ е поради огромниот број корисници во Индија. Индиските корисници сочинуваат 31% од вкупните корисници, а Кина се наоѓа на второ место со 11.5% од корисниците. На третото место е САД со вкупно 8.2% од корисниците.

„ТикТок“ е растечка закана за „Фејсбук“, поради нејзината популарноста меѓу генерација „Z“, демографија која „Фејсбук“ се обидува да ја привлече.

„Sensor Tower“ известува дека „ТикТок“ е третата најсимнувана апликација, веднаш зад „Ватсап“ и „Месинџер“, но пред „Фејсбук“ и „Инстаграм“. „ТикТок“ е единствената апликација во топ пет листата, која не е во сопственост на „Фејсбук“.

Главната конкуренција на „ТикТок“ од апликациите во сопственост на „Фејсбук“ е „Инстаграм“, но „ТикТок“ води со 238 повеќе симнувања годинава.

Важно е да се нагласи дека бројот на симнувања не значи дека „ТикТок“ е поуспешен од „Инстаграм“. Во 2018, „Инстаграм“ имаше една милијарда активни месечни корисници  што сугерира дека дека бројот денес е поголем. „ТикТок“ истата бројка на корисници ја постигна во јуни годинава. Според ваквите податоци, тие се во тесна борба.

„Фејсбук“ направи вистински напори да го достигне успехот на „ТикТок“. Во ноември 2018, „Фејсбук“ ја лансираше апликација за споделување на видеа, „Ласо“, но во јавноста протече видео од внатрешен состанок на кој Марк Зукерберг ја споделува стратегијата за пуштање на апликацијата на пазарите кои воопшто не го употребуваат „ТикТок“, како Мексико.

Според „Базфид“, Зукерберг потрошил шест месеци во преговори со „Musical.ly“, апликацијата која подоцна ќе премине во „ТикТок“.

На почетокот на овој месец, „Инстаграм“ започна со тестирање на нова функција – „Рилс“, која јавноста ја перцепираше како клон на „ТикТок“.

Извор: Business Insider