„TikTok“ е апликација број 1 на Play Store – младите ја обожаваат, возрасните не ја разбираат

Најсимнуваната апликација за минатата година не прави речиси никакви пари, едвај е сфатена од луѓето над 25 години, и веќе се соочува со истраги, парични казни и забрани на три континенти.

Успехот на „TikTok“ ги изненади регулаторите, родителите и сите конкуренти.

„TikTok“ е апликација за споделување видеа. Корисниците снимаат 15 секундни видеа, обично пропратени со музика и ги прикачуваат за да бидат гледани од нивните следбеници и странци. Апликацијата што се чини дека излезе од никаде е спој на оригиналниот „TikTok“, кој беше лансиран на меѓународно ниво во септември 2017 година и претходната интернет сензација Musical.ly.

Како резултат на тоа, според аналитичката фирма „SensorTower“, „TikTok“ е апликација број 1 на светската Play Store изминатава година и пол, со околу 500 милиони корисници ширум светот.

„Самата апликација нуди нешто што ниедна друга апликација го нема и затоа стана толку успешна”, велат од фирмата. „На младите луѓе им е доста од движењето на нарцистичките „инфлуенсери“ на други канали, гледајќи го „совршениот живот “,„совршеното тело “, „совршената врска” и затоа се преселија на ТикТок.”

Но, со зголемувањето на публиката се зголеми и надзорот врз апликацијата. Во февруари, Федералната трговска комисија во САД ја казни компанијата со 5.7 милиони долари за собирање на лични податоци за деца под 13 години без согласност на родител. Во април, „TikTokЕ беше забранета во Индија, каде што тврди дека има повеќе од 120 милиони месечно активни корисници, поради загриженоста дека апликацијата се користи за споделување на сексуално експлицитни материјали. Забраната беше повлечена една недела подоцна.

„Знаеме дека загрижувачки голем број на деца се поврзуваат, преку апликации за лична употреба како што е „ТикТок”, со возрасни луѓе кои ги користат како порта за да им наштетат на младите луѓе”, рече портпаролот на британската детска хуманитарна организација. „Нашите истражувања покажаа дека една четвртина од 40.000 деца (од 7 до 16 години) комуницираат онлајн со некој што никогаш не го запознале, а едно од 20 деца било побарано да си ја соблече облеката”.

Млади, женски корисници на „TikTok“ редовно изјавуваат како некој остава гаден или наметлив одговор на нивните видеа.

Проблемот е влошен од самата природа на апликацијата: наместо да стави приоритет на видеата на луѓето што ги следите, таа ги насочува корисниците до целосно алгоритамски видеа „за вас”.

„Ако некој гаден човек постојано „лајкнува“ видеа од млади девојки што прават слични објави, тие ќе продолжат да доаѓаат на неговата страница “за вас”, изјави еден корисник.

Сепак, одредена група на луѓе потенцираат дека „TikTok“ е постојано под напади поради тоа што нема возрасни на апликацијата.

„Тие не ја сфаќаат поентата на апликацијата, исто како што не ги сфаќаа Фејсбук и Инстаграм пред да почнат да ги користат“, велат корисниците. Тие подвлекуваат дека, за разлика од другите социјални мрежи, овде воопшто нема порнографија и слични невкусни содржини. Додаваат дека „целата апликација е исполнета само со деца кои ги следат трендовите и играат на поп музика“.