Тигар во зоолошка градина во Њујорк е позитивен на Ковид-19

Надија, четиригодишна женка од видот малајски тигар е првата голема мачка која е позитивна на новиот коронавирус во САД.

Таа е една од седумте големи мачки во зоолошката градина Бронкс во Њујорк со симптоми на коронавирус.

Веста првично ја соопштија од Здружението за зачувување на дивиот свет, непрофитна организација која ја надгледува зоолошката градина Бронкс. Позитивниот тест го потврдија и од Националната лабораторија за ветеринарни услуги во Амес, Ајова.

„Службениците за јавно здравје веруваат дека овие големи мачки се разболеле откако биле изложени на вработен во зоолошка градина, кој активно ширел [вирус]“, се вели во соопштението на УСАА.

Коронавирусните инфекции се резултат на пренесување од човек на човек, велат експертите.

„Нашите мачки биле заразени од лице што се грижи за нив кое било асимптоматски заразено со вирус или пред тоа лице да развие симптоми“, тврдат официјални лица од зоолошката градина.

Надија била тестирана на 2-ри април, откако развила сува кашлица и намален апетит на 27 март. Сестрата на Надија, Азул, два тигри од видот Амур и три африкански лавови исто така развиле сува кашлица и губење на апетитот, но не се тестирани за коронавирус.

Седумте големи мачки се очекува целосно да се опорават.

Надија е првото животно кое е позитивно за коронавирусот во САД, но има извештаи дека неколку миленичиња се покажале позитивни за САРС-КоВ-2, вирус што го предизвикува Ковид-19, вклучително и Померанец и германски овчар во Хонг Конг, и домашна мачка во Белгија.

„Иако не се пријавени миленичиња да се разболат од Ковид-19 во Соединетите Држави, сепак се препорачува на луѓето болни со Ковид-19 да имаат ограничен контакт со животните сè додека не се знаат повеќе информации за вирусот“, додадаваат од УСАА.

Зоолошката градина Бронкс е привремено затворена за јавноста од 16 март. Сепак, нејзините празни паркинзи беа претворени во центри за тестирање на коронавирус, полн со шатори, за вработените во блискиот медицински центар Монтефиор.