Thievery Corporation на бис во Скопје на 3 јули

Американското електронско дуо Thievery Corporation по пет години се враќа со нов концерт во Скопје.

Овој пат, нивниот настап е закажан за 20-ти јули, повторно во Стадионот на АРМ.

„Кај нас не престана желбата да ја повториме таа вечер, а не престанаа и вашите барања за повторна средба со Thievery Corporation во Скопје“, велат од Авалон Продукција, кои се организатори на настапот.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (2 март) преку продажната мрежа на Авалон низ државата и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)