The Tempescope – уред кој создава дожд и грмотевици, според временската прогноза

The Tempescope е нов уред дизајниран од иноваторот Ken Kawamoto кој ја прикажува претстојната временска прогноза преку симулирање на временски услови во мала проѕирна кутија.

Уредот е способен за преземање информации за временската прогноза од интернет и зависно од времето, во кутијата може да се види сонце, дожд, облаци, со што сопственикот на невообичаен начин ќе може да види какво време го очекува во текот на денот.

Kawamoto направи пробна верзија на уредот која е достапена на интернет како бесплатен „open-sourсе“ проект под името OpenTempescope, каде секој може да се обиде да си направи свој уред.

Новата верзија пак која ќе биде достапна за продажба е планирана како Kickstarter проект во текот на оваа година.