The Rolling Stones ќе снимаат нов албум во декември, најави гитаристот Ronnie Wood

The Rolling Stones најверојатно ќе почнат со снимање на нивниот нов албум во декември, вели гитаристот на групата Ronnie Wood.

Претходно, членот на групата Keith Richards изјави дека бендот ќе се врати во студио и ќе работи на нова музика во април 2016 година, но Wood најави дека работата би можела да започне порано.

„Во декември можеби ќе влеземе во студио, ќе снимaме неколку песни и ќе видиме што ќе се случи. Ќе почнеме од таму, да видиме како ќе оди. Ќе одиме полека“, изјави неодамна Wood за ABC Radio.

Овој албум ќе биде нивниот 23 албум, после десет години, откако во 2005 го објавија „A Bigger Bang“.

Фронтменот Mick Jagger на почетокот од оваа година изјави дека има напишано многу нови песни кои би сакал да ги сними со бендот.