The Prodigy ќе донира за поплавените: Сочувство за жртвите и нивните семејства

Светски познатата група The Prodigy, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата Фејсбук страница напиша дека ќе донира на Црвениот крст за настраданите од поплавите, кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите.

„Срдечна почит за Македонците кои го изгубија својот живот и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа.

Концертот на групата треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во состав на првото издание на фестивалот на отворено „Ohrid Calling“.