The Prodigy доаѓаат во Македонија летово, најавува продукцијата Авалон

Светската денс-атракција, британскиот бенд The Prodigy ќе одржи концерт на отворено во Македонија – најавува продукцијата Авалон. На Фејсбук-страницата на Авалон е објавен видео тизер за концертот, на кој пишува дека бендот ќе свири на отворен простор во Македонија, без никакви дополнителни информации за времето и местото на концертот. Евентуалниот настап на The Prodigy се уште не е објавен на нивната официјална веб-страница. Бендот ќе настапи во соседството на почетокот на јули – на фестивалот Јазине во Хрватска, како и на Егзит во Нови Сад.