The Prodigy, Bonobo и Kavinsky на Сигет 2014

Организацијата на Сигет  објави нова листа на имиња кои се веќе потврдени за 2014-та. На „Островот на Слободата“ ќе настапат The Prodigy, Lily Allen, Ska-P и La Roux. Сигет фестивалот ќе се оддржи од 11-ти до 18-ти август на прекрасниот зелен остров во срцето на Будимпешта и е совршен спој на летен одмор и фестивалско доживување.

Сигет до сега откри дел од имињата за 2014-та, како што се Queens of the Stone Age, Macklemore & Ryan Lewis, Skrillex, Placebo, Klaxons, Stromae, Calvin Harris, Imagine Dragons, Bastille и сега имаат уште многу нови имиња…

 The Prodigy, Bonobo и Kavinsky на Сигет 2014

The Prodigy се задолжителни ѕвезди за која и да е фестивалска главна сцена, после продадени 25 милиони албуми и извонредна популарност низ годините. Можеби најуспешниот британски елетронски состав ќе настапи повторно на Сигет.

Младата, енергична и екстравагантна поп пејачка Lily Allen, исто така ќе настапи на Сигет фестивалот. Додека работи на нејзиниот трет студиски албум, кој ќе го носи името „Sheezus“, таа минатиот ноември го издаде нејзиниот последен сингл „Hard Out Here“ кој дебитираше на деветото место на британската листа на синглови.

La Roux  и гласот на Elly Jackson се познати на сите фанови на поп музиката. Синт поп дамата и нејзиниот партнер Ben Langmaid, кој воедно е и продуцент, текстописец и клавијатуриста, се едни од најпопуларните поп изведувачи од 2000-тите.

Популарниот ска-панк бенд од Мадрид, Ska-P, исто така ќе настапат на Островот на Слободата. Ретки се тие бендови што можат визуелно да ве стимулираат како нив и оваа година ќе може во тоа да се уверите со свои очи на Сигет.

Miles Kane, поранешниот фронтмен на The Rascals и ко-фронтмен на Last Shadow of Puppets, си има веќе успешна соло кариера. До сега има издадено два студиски албуми, каде што минатогодишниот албум „Dont forget Who You Are“ доживеа голем успех.

Simon Green AKA Bonobo е артист кој максимално го користи својот потенцијал. Неговиот албум од 2010-та „Black Sands“ е врвот на неговата кариера до сега, маестрален албум со совршен спој на извондредната мелодичка генијалност на Green заедно со модерни електронски ритмови, како и бас и тапани.

Palma Violets се едни од најветувачките пост-гаражни рок бендови на денешницата. Нивниот прв сингл „Best of Friends“ , кој е пример за груб и експлозивен сиров рок ен рол, беше изгласан од страна на NME за песна на 2012-та година.

Електронскиот музичар и продуцен, Vincent Belergey, попознат како Kavinsky, е еден од најважните и најкреативните ѕвезди од француската електронска сцена. Често споредуван со Daft Punk и Danger, неговиот деби албум „OutRun“ се здоби со успех и тоа беше знак за почеток на светска турнеа наречена OUTRUN LIVE TOUR во која е дел и Сигет.

Fink е британски кантавтор, кој е познат по неговите креативни текстови, софистицираните и романтични песни и харизматичните настапи. Има издадено пет албуми во изминатите десет години и пред две години го посети Сигет со неговиот албум „Perfect Darkness“.

Jagwar Ma ќе бидат вистинска сензација на Островот на Слободата. Австралијанското трио составено од Gabriel Winterfield, Jona Ma и Jack Freeman создаваат некој вид на психоделична денс музика која ја хипнотизира публиката.