Составот „The Milk Snatchers“ вечерва (19 јули) од 21 часот ќе настапуваат во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија.
Од независниот издавач „Мртов коњ“ велат дека „The Milk Snatchers“ се можеби најдобро зачуваната тајна на балканската алтернативна сцена.
„Доаѓаат од Косово, а звучат како бенд кој Morrissey би го основал кога би слушал модерен пост-панк и прог. Грандиозни, емотивни, но и во точни моменти брутални, не смејат да се пропуштат овие млекокрадци, кои за првпат доаѓаат во Македонија“, стои во најавата за свирката.
Воедно, на „The Milk Snatchers“ вечерта ќе им се придружат нашите „Мрша“.
Препорачана донација е 200 денари