The Kids From Yesterday, во петок трибјут на „My Chemical Romance“ во петок во Станица 26

Македонскиот трибјут бенд во состав на Давор Трајковиќ (вокал), Лука Стошевски (гитара), Марко Тошанов (гитара), Леа Лончар (бас) и Иван Димишков Димиш (тапани) во петок (2 декември) ќе свират песни од сите албуми на поп-панк/емо бендот „My Chemical Romance“.

Настапот, за кој музичарите ветуваат дека ќе биде енергичен и емотивен ќе започне во 21:00 часот во Станица 26.

„Идејата ни дојде од тоа што Давор сакаше да прави трибјут на друг бенд и кога му ја кажал идејата на Тошанов, тој му рекол: ‘А зошто не правиме трибјут на MCR?’. Се разбира тоа беше прифатено, а подоцна им се приклучивме и останатите“, вели тапанарот Димиш.

Тој додава дека настапот го подготвуваат од август, а со проби започнале уште од почетокот на октомври.

Влезниците се по цена од 150 денари, а може да се набават пред почетокот на настапот во Станица 26.

Од бендот информираат и дека за првите 200 луѓе ќе има гратис стикер.