„The Doors tribute“ во четврток во Битола

„Eruption“ и Домот на културата од Битола во четврток организираат целовечерен концерт „Тhe Doors tribute“. Се работи за состав кој ќе свири преку два часа репертоар од култниот американски рок бенд „The Doors“ на фронтментот Џим Морисон.

„За сите љубители на нивната музика сте добредојдени на ден 16.05. во големата сала на Центарот за култура Битола“, стои во најавата за настанот.

Во трибјут составот ќе свират Михајло, Горан, Никола, Кристијан и Петар.

Почетокот на концертот е од 21 часот, а цената на билетот е 150 денари. Влезниците можат да се набават на билетарницата на Центарот за култура.