Култните „The Cure“ ќе настапат на Егзит 2019

Еден од најголемите бендови во историјата на популарната музика „The Cure“, ќе настапи на Егзит 2019. Откако годинава го распродадоа „Хајд парк“ во Лондон за 65.000 посетители, неодамна одекна ширум светот и веста дека рок-гигантите „The Cure“ следната година заминуваат на јубилејната и можеби последна турнеја по повод неверојатните 40 години постоење на бендот.

„The Cure“ следната година ќе биде апсолутен хедлајнер на мал број европски фестивали. На лично инсистирање на бендот, Егзит, актуелниот носител на европската шампионска фестивалска титула, се најде меѓу одбраните фестивали. „The Cure“ за прв пат во Србија и регионов ќе настапат на 4-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

На денешната конференција за новинари, Душан Ковачевиќ, основачот на Егзит изјави дека не е лесно да се дојде до бенд од врвот на листата со желби на сите големи фестивали: „Секоја година од основањето на Егзит испраќавме понуди за „The Cure“, а парадоксално, баш во моментот кога се најголеми откако постојат и тргнуваат на најбараната турнеја за следната година, се случи тие да ни се јават нам!“ Славниот рок критичар Драган Амброзиќ додаде дека во прашање е неверојатна вест, како и тоа дека „со голема сигурност може да се каже дека станува збор за еден од најзначајните концерти во историјата  фестивалот.“

„The Cure“ важат за бенд кој ужива во секое стапнување на сцената, а „Ролинг Стоун“ го оценува нивниот неодамнешен концертен спектакл пред 65.000 фанови во Лондон како ретко интимен за настан од таа големина. Без разлика дали свират на фестивал или самостојно, сет-листите им се протегаат низ целата кариера поради што нивните настапи секогаш траат од два до три часа, па и настапот на Егзит ќе биде вистински концертен спектакл со најголемиот број на хитови како што се „Friday I’m in Love“, „Lovesong“, „Pictures of You“, „In Between Days“, „Boys Don’t Cry“, „Close to Me“, “Love Cats”, “Just Like Heaven”, “A Forest”…

Во исто време заводливи, контроверзни и емотивни, спојувајќи пост-панк, инди и алтернативен рок, за време на четири децении „The Cure“ продадоа дестици милиони албуми, објавија 40 синглови, одржаа 1.500 концерти, најавувајќи дури и нов албум. Влијаеја на формирањето на гот-рок музиката, иако тие самите не се дел од таа сцена, но и на Adele, Rihanna, Manic Street Preachers, Massive Attack, Nine Inch Nails, Mogwai, Franc Ocean и други изведувачи кои жанровски се светлосни години оддалечени, додека тие самите останаа неповторлива појава на музичката сцена. Токму тоа е рецептот за бесмртност на овој бенд во чиј актуелен врвен состав се Robert Smith, Simon Gallup, Jason Cooper, Roger O’Donnell и Reeves Gabriels. За време на својата кариера „The Cure“ ги освоија најпрестижните музички награди како што се BRIT, Q, NME, MTV.

Веќе следната недела, во вторник 23-ти октомври, пристигнуваат и првите четиридневни EXIT влезници со неверојатни 55% попуст, по подарок цени од 3.580 денари! Истиот датум во продажба ќе биде пуштена и многу ограничена количина на дневни влезници за првиот ден на фестивалот, четврток, 4-ти јули, кога ќе настапат „The Cure“, по подарок-цени од 1.675 денари. Истиот ден стигнуваат и влезниците за ФАН-ПИТ, по цена од 2.175 денари како и ГОЛД ВИП дневни влезници за 4-ти јули по  6.515 денари. Влезниците во Македонија ќе се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс, онлајн и во Југотон.