„Тhe Chorus Project“ – онлајн фестивал на МКЦ Скопје и Апстарт Театар од Лондон

„Стигнавме до крајот на The Chorus Project“.

Вака МКЦ Скопје ги најавуваат завршните активности за овој дигитален театарски фестивал, кој заедно со Апстарт Театар од Лондон го организираат од 12 до 14 март.

На овој фестивал ќе бидат прикажани сите четири делови од Орестија, адаптирани во нови дигитални формати.

Централна активност во овие три дена ќе биде интерактивната онлајн-работилница „Мали директни акции“, која ќе ги истражува новите можности на вмрежување и финансирање на прокети од културата, без учество на големите фондови.

„Во работилницата ќе бидат вклучени наши културни организации како и од земјите партнери на проектот. The Chorus Project се затвора на 15 март 2021 година. По завршувањето на проектот, сите заеднички активности ќе бидат достапни на едно место, на нашата веб-страница“, се вели во најавата за фестивалот.

Програма и распоред ТУКА, а билетите се достапни онлајн преку bileti.mkc.mk.