Тетовци бараат чист и незагаден град

Во Центарот за балканска соработка „Лоја“, во Тетово, синоќа,  во рамките на локалната младинска кампања „Тетово – еден град за сите“, беше промовиран документарно-репортажниот филм „До кога?“, во режија на Глигор Кондовски.

Тетовци бараат чист и незагаден град

Низ краткометражниот филм се прикажани позначајните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Тетово, односно проблемите со водоснабдувањето, кучињата скитници, паркинг просторот, сообраќајниот метеж и нечистотијата во градот. Покрај граѓаните на Тетово, во филмот се интервјуирани и претставници од  локалните институции кои се одговорни за решавање на проблемите во општината.

Тетовци бараат чист и незагаден град

Во вториот дел од настанот се отвори дебата за темите кои се опфатени во филмот. Присутните граѓани, претставниците од невладините организации и политичките партии отворено дискутираа за проблемите и заеднички бараа решенија. Сите предлози и решенија за проблемите за кои се дискутираше на дебатата (пред се, за шутот, ѓубрето, потребата од повеќе контејнери, одржување и на зелените површини и др.) ќе им бидат доставени на општината и на локалните институции.

Локалната кампања се спроведува во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразувањето“, поддржан од ЕУ преку европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младински образовен форум.

Бобан Костадиновски

Фото: Глигор Кондовски