Тетовскиот универзитет ќе соработува со колеџ од Чикаго

Ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Амети и проректорот за меѓународна соработка на државниот универзитет на Северен Илиноис од Чикаго, САД, Пол Пребхакер денеска потпишаа договор за соработка на двете високошколски установи.

Тетовскиот универзитет ќе соработува со колеџ од Чикаго

„Опфатот на  овој меморандум за соработка со државниот универзитет  Северен Илиноис предвидува размена на професорски кадар и студенти. Истовремено со него се предвидува и формирање на Центар за менаџирање на конфликтни состојби и нивно решавање со што ДУТ продолжува на патот за постигнување на нивото на најдобрите европски и универзитетите во САД“, рече ректорот на ДУТ Амети.

Проректорот на универзитетот Северен Илиноис Пол Пребхакер посочи дека со договорот со ДУТ тие добиваат постојан партнер во овој дел од светот.

– Иако ние сме еден од врвните универзитети во САД денеска во преден план е ДУТ и се надеваме на дологоочна меѓусебна соработка на задоволство на двете страни, изјави Пребхакер.

На потпишувањето на договорот присуствуваа повеќе претставници на управата и професорскиот кадар од двата универзитета.

Извор