Тетово: Штрајкот продолжува, екстерното тестирање делумно се бојкотира

И денес продолжува штрајкот на СОНК во тетовските средни училишта. Професорите иако доаѓаат на своите работни места, настава не се одвива, објавува младинскиот портал mladite.mk.

Штрајкот продолжува во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ каде што штрајкуваат професорите од македонска и албанска настава.

Во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ пак, настава одржуваат македонските паралелки, додека албанските професори штрајкуваат. Поголем дел од професорите штрајкуваат и во средното економско училиште „8-ми Септември“.

Од друга страна, средните „Моша Пијаде“ и „Ѓоце Стојчевски“ екстерното тестирање се спроведува, а штрајкот го продолжиле само дел од професорите.

Околу 100 средношколци, вчера одржаа мирен протест против екстерното тестирање на плоштадот во Тетово. Тие се пожалија на прашања на екстерното тестирање кои не се предвидени во програмата и на тоа дека ги тераат да се тестираат во Штуловиот Универзитет затоа што во гимназијата немало доволно простории.