Тетово неделава ја празнува различноста

Во периодот од 14  до 17 мај, невладината организација „Мултикултура“ во Тетово организира четиридневна манифестација насловена „Недела на различностите“.  Акцијата започна на 14 мај со ткн. „study visit“, а главниот настан беше на 15-ти мај, наречен „Diversity Day“.

Тетово неделава ја празнува различноста

Во знакот на различностите организаторите подготвија  традиционална храна  од повеќе етнички групи, а посетителите имаа можност да вкусат храна од албанската, македонска, ромската, турската и други  култури.

Во вториот дел од денот се организираше работилница со децата од Дневниот центар од Тетово и Гостивар. Исто така за младите талентирани луѓе имаше катче каде што преку сликање, цртање може да го изразат својот талент.

На настанот присутни имаше претставници од невладини организации, кои на присутните гости им ги претставија своите активности.

Тетово неделава ја празнува различноста

Овој настан имаше за цел да ги спои традиционалното и модерното од  различните култури кои што живеат во Тетово.   Мотото на манифестацијата е  „Сите различни, но исти“.

Diversity Week “ на 16- ти мај организира акција во центарот на Тетово. Завршниот настан е на 17-ти мај со забава во клубот „Ода“ со почеток во 20 часот.

Бобан Костадиновски